Колку добро се одмарате во текот на ноќта во голема мера зависи од положбата во која спиете.
Лекарите тврдат дека најдобрата положба за спиење е онаа во која рбетот е во природна состојба.
Оваа позиција се постигнува со лежење на грб или на страна.
– Најдобра положба за спиење е онаа во која ‘рбетот е поставен рамно во однос на креветот – велат д -р Мајкл Бреус, специјалист за спиење и д -р Ниши Бопал, психијатар, специјалист за медицина за спиење.
Тие нагласуваат дека е важно да се најде позиција што е најудобна, а во исто време обезбедува поддршка за ‘рбетот за време на спиењето.
– Додека спиете, ‘рбетот треба да ги следи своите природни завои на вратот, средината и долниот дел на грбот – објаснуваат лекарите.
Д -р Бреус вели дека е неопходно целото тело да биде опуштено и во позиција што ќе овозможи да се усогласат овие делови од ‘рбетот.
– Ова најлесно се постигнува со спиење на грб или на страна, но така што рацете да ви се блиску до телото. Спиењето на стомак не овозможува правилно држење на ‘рбетот за време на спиењето – истакнува докторот.
Добрата положба за спиење му овозможува на телото да се релаксира целосно, што може да ја ублажи вкочанетоста и да го подобри квалитетот на спиењето.
– Лошата положба за време на спиењето може да предизвика непријатна болка во колковите, грбот и вратот, но и да создаде нови проблеми како вкочанетост. Исто така, важно е да се избере перница со соодветна дебелина, така што кичмата ќе има што е можно поголема поддршка – советува Бопал.