Една жртва во Марсеј, ударот со комбе не е терористички акт

од desk2
99 прегледи

Една жена загина, а друга е повредена, кога комби влета во две автобуски постојки во францускиот град Марсеј.


Бело комбе, марка Рено, денеска околу 9 часот, прво удрило 42-годишна жена која сама чекала на постојка во 13 арондисман, во вториот по големина град во Франција, марсеј. Потоа, неколку километри понатаму, во 11 арондисман, истото комби влетало во друга автобуска станица, при што е повредена 29-годишна жена.

Возачот е уапсен, откако еден очевидец успеал да го запише регистарскиот број на комбито. Се работи за 35-годишен маж, кој и е познат на полицијата по помали кривични дела, но има и психички проблеми.

Од обвинителството велат дека исклучена е можноста дека станува збор за терористички акт.
Сличен акт се случи во четвртокот во Барселона, при што загинаа 13 лица, но тоа беше акт на тероризам.