Едно машко лице го изгуби животот, а уште едно е повредено синоќа по пожар во стан во зграда во тетовската населба Блок 70.
Пожарот во Територијалната против пожарна единица Тетово бил пријавен во 19.05 часот.
Од СВР Тетово потврдиле дека било најдено починато машко лице, како и едно повредено лице. Воедно информираа дека повеќе детали ќе соопштат во текот на денов.