Комбинацијата на сирење и овошје долго време спаѓа во нашите омилени слатки, па за вас денес ви подготвивме рецепт за чизкејк со малина.
Сè што ви е потребно е…
500 мл полномасно млеко
75г стевиа
75 грама мелени бадеми
2 лажички масло од кокос
230g крем сирење
2 лажици сок од лимон
2 лажички екстракт од ванила
130 грама свежи малини
малку желатин
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени.
Во тенџере загрејте го млекото, додека не зоврие, намалете ја топлината, додадете 50 грама стевиа и желатин и оставете да се готви половина час, повремено мешајте. Кога смесата ќе се намали и згусне, извадете ја од шпорет.
Измешајте мешавина од мелени бадеми, растопено масло од кокос и 25 грама стевиа. Добиената мешавина ставете ја во калап и добро притиснете ја. Кората печете ја во рерна, 7-8 минути.
Во сад, со миксер изматете го сирењето, додека не добиете кашеста смеса. Додадете сок од лимон, екстракт од ванила и изладена мешавина со млеко. Мешајте додека смесата не се соедини, па додадете малини.
Во кора истурете ја смесата и ставете ја во фрижидер минимум 3 часа, за да се стегне.
Украсете по желба.