158
Направете вкусен џем од кајсии од рерна.
СОСТОЈКИ:
2 кг кајсии
2-3 раце шеќер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Кајсиите добро измијте ги, исчистете ги од коски и оштетени делови, па ставете ги во длабок плех или тепсија. Посипете ги со две-три лажици шеќер, прекријте со фолија и ставете во рерна на 200 степени да крчкаат.
После половина час тргнете ја фолијата и измешајте го џемот. Оставете да се запече уште 10-15 минути. Оставете малку да се излади, па полнете ги теглите.