Магдоносот е познат по многубројни лековити својства. Тој изобилува со витамини и минерали, но дали знаевте дека успешно се пори против лошиот тен?
Овој зеленчук делува природно и лесно на избелувањето и изедначувањето на кожата. Со помош на маската која можете да ја направите сами, елиминирајте ги проблематичните подрачка како дамките од сонце, флеки, па дури и темните подочници.
Потребни ви се:
– 2 лажици свежо сирење
– 1 лажица јогурт
– 5 листови магдонос
Подготовката е едноставна. Потребно е добро да ги измешате состојките во блендер додека не добиете хомогена смеса.
Во зависност од тоа кој ефект сакате да го постигнете, маската нанесете ја на одредените делови или на целото лице. По 10 минути, измијте го лицето со млака вода и нанесете хидратантна крема за лице.
Оваа маска може да ја користите само два до три пати неделно и никако не ја оставајте да стои повеќе од 10 минути.