Се што мора да знаете за одбирање и нанесување на маската за лице

Во наредните денови сигурно ќе сакате да имате мини спа ден во домот и да се почастите со маска за лице, со купка со етерични масла и сл. Токму затоа, ви донесуваме неколку совети кои мора да ги знаете пред да се одлучите која маска да ја купите и што е важно да знаете за самото користење.

Внимавајте да одговара на вашиот тип на кожа

Иако моментално најпопуларни се црните маски од глина, доколку имате сува кожа, тие нема да ви одговараат. Пред купување на маска за лице обавезно истражете дали е погодна за вашиот тип на кожа.

Длабински исчистете го лицето пред нанесување на маската

Најдобро би било маската да ја нанесете по туширање или капење, бидејќи тогаш порите ќе ви бидат отворени, па маската најдобро ќе ја заврши својата работа. Пред самата маска, исчистете го лицето со гел или пена за миење и направите пилинг, особено доколку имате мрсна кожа, склона кон неправилности.

Никако не ја нанесувајте околу очите

Кожата околу очите е исклучително чувствителна и бара посебна нега. Токму затоа, за тоа подрачје треба да ги користите маските наменети за него кои длабоко ја хидрираат кожата околу очите.

Не претерувајте со времето и нахранете ја кожата отпосле

Придржувајте се кон упатствата на пакувањето и немојте да ја држите маската на лицето повеќе од препишаното, особено доколу содржи киселини. Освен тоа, немојте да заборавите да ја нахраните кожата со хидратантна крема, серум и масло, по користење на маската.

Слични содржини