ДВЕЈН ЏОНСОН, познат како The Rock, го припишува својот успех на неверојатната работна етика што ја научил од неговиот татко. Како борач пред секој меч се молел за сила да остави се во рингот.
Таквата посветеност и труд започнува со цврст став. Џонсон неодамна сподели едноставен трик кој секоја ситуација ја трансформира во позитивно искуство. Тој ја заменува фразата „Морам“ со „Имам шанса“.
Овој тип на преобликување го користат луѓе кои практикуваат позитивна психологија, па Џонсон веројатно не го смислил самиот. Но, одлично е што тој може да ја искористи својата огромна платформа за да ја сподели со луѓе кои можеби не се запознаени со неа.
На својот профил на Инстаграм тој им се обрати на следбениците: „Ќе споделам со вас филозофија која ми помогна да постигнам одреден успех во текот на годините. Кога станува збор за напорна работа и работи за кои сум страствен – пред неколку години престанав да велам „морам“ и почнав да кажувам „имам шанса“, започна Џонсон и продолжи:
„Тоа е голема психолошка промена во начинот на кој пристапувате кон секојдневните с*ања што треба да ги правиме. Имам можност да тренирам напорно и да се туркам себе си надвор од границите. Имам можност да изгубам и да се вратам посилен. Имам можност да бидам најупорниот работник во е*аната соба“, вели тој.
„Затоа што кога имате можност да ги правите работите што ги сакате – тоа е привилегија. Обидете се да го трансформирате „мора“ во „имам можност“ и почнете да ја чувствувате таа моќ, благодарност и раст“.
Филозофијата на Џонсон не функционира само за луѓе на кои им е потребна мотивација да постигнат успех во теретана. Може да се користи за какви било животни предизвици што вообичаено ги правите неволно и без самодоверба, за да си дадете шанса да растете и напредувате. Фокусирањето на негативните аспекти на предизвикот нè спречува да ги видиме можностите или едноставно да уживаме во моментот.