The Rock се оддолжи на човекот кој многу му помогнал во животот

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Двејн Џонсон, попознат како The Rock, денес е богат, успешен и славен. Сепак, тоа не било секогаш така. Во тинејџерските денови, тој бил сиромашен бездомник, а во тие тешки моменти му помагнал поранешниот менаџер во борење Бруно. The Rock никогаш не го заборавил тоа.

Актерот му подготви прекрасно изненадување на својот долгогодишен пријател и му купи автомобил вреден 30 илјади долари.

Тој на Инстаграм објави снимка од разговорот со Бруно за тоа како го примил во неговиот дом кога немал каде да оди, нагласувајќи дека токму тој му го купил првиот автомобил. Бруно не ни можеше да замисли што го очекува.

„Среќен Божиќ Бруно. Бидејќи ти ми го купи мојот прв автомобил, сметам дека сега можам да ти ја вратам услугата со тоа што ќе ти купам нов автомобил, кој нема пукнатини на задното седиште“, се пошегува The Rock.

„Не можам да најдам начин доволно да ти се заблагодарам за она што го стори кога имав 15 години. Имаше целосно право да ме одбиеш, но сепак ме прифати. Бруно,тој гест многу ми значеше, бидејќи ми го смени животот. Те сакам и неизмерно сум ти благодарен“, му кажа актерот на Бруно, кој се расплака кога седна во неговиот новиот автомобил.

Слични содржини