Ниту една промена не е лесна, но некогаш е неопходна. Шеќерот докажано не носи корист на нашата општа здравствена состојба, а животот без него би ни бил многу поубав.
Сепак, полесно е да се каже, отколку да се примени, па затоа ви нудиме неколку совети со чија помош ќе успеете да го намалите, а по некое време и целосно исфрлите шеќерот од исхраната.
Правете го тоа постепено
Ниту една нагла промена не е добра, а тоа важи и за промените во животниот стил. Поделете го исфрлањето на шеќерот во повеќе фази и задачата ќе ви се чини како помалку тешка отколку што реално е.
Додадете цимет
Користете го циметот, тој помага да се намали потребата за шеќери. Бонус трик: Секогаш кога имате голема желба за благо, помирисајте ванила.
Јадете пред да се изгладните
Не дозволувајте да се изгладните, бидејќи тогаш импулсивно јадете покалорична храна и поголеми порции.
Спијте доволно
Недостатокот на сон може да ја „помати“ вашата свесност, а со тоа и правилниот избор на храна, но и да ја зголеми потребата за десерт.
Договорете се со себе
Немојте да се казнувате ако погрешите, туку направете договор со себе како понатаму дисциплинирано да се држите до вашиот план за поздрава исхрана.