Едноставно правило како полесно да се будите во мрачните есенски утра

од desk4
370 прегледи

Кога надвор е мрачно и облачно, будењето ни е тешко и сакаме да останеме барем уште некој час во кревет. Но, за жал, тоа не е секогаш возможно.

Во есен и зима секогаш би сакале да останеме под ќебе барем уште малку, но работниот ден е пред нас. Затоа и често нè мрзи и сме уморни и чувствуваме недостаток на енергија.

Unsplash

Стручњаците советуваат дека едноставното 85:15 правило ќе ви помогне да го избегнете овој утрински замор во есен и зима. Тајната е во тоа што во 85% од времето морате да одите во исто време во кревет, но и да се будите секој ден во точно одредено време.

Во останатите 15% спаѓаат оние денови кога имате помалку обврски, па дури и викендите, кога можете да си дозволите малку подолго да се излежувате. Фиксното време за спиење функционира подеднакво ефикасно како и работното време. Се стекнува навика за спиењето и будењето, па тоа станува многу полесно, токолку кога немаме никаков ред.

На тој начин ќе го навикнете телото, но и мозокот, да се одмараат токму во временската рамка која им ја задавате, без да предизвикувате стресови поради нередовното спиење.

Слични содржини