Ние како ЕУ можеме да се обидеме да го поддржиме вашиот процес со Бугарија. Тоа е пораката што ја испраќам со мојата посета. Сакаме да ве охрабриме. Ние не можеме да дадеме решение за билатералните разговори, но верувајте ми во последните 2 години за да почне процесот на пристапување на Албанија и Македонија, немавме сојузник во Бугарија, изјави министерката за Европа и уставни прашања на Австрија, Каролине Едштадлер на прес-конференцијата со македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи.
Според неа, сега притисокот е поголем.
-И кај нив постои готовност за решавање на проблемот. Тоа е важен знак за европските змеји. Ние како Австрија секогаш сме биле градители на мост и го поддржуваме Западниот Балкан. Една од формите се билатералните преговори. Се надевам дека наскоро ќе почнеме да разговараме на поединечните теми за процесот на пристапување, кажа Едштадлер одговарајќи на новинарско прашање.