Османи: Не се менува интензитетот за нашето членство во ЕУ

од Nikola Popovski

Аспирациите на Македонија се постојани, затоа што државата е дел од Европа и припаѓа на ЕУ. Новиот геополитички контекст после руската агресија ги потврди нашите аргументи дека прашањето на проширување е безбедносно прашање. Ние сметаме дека членството на регионот во ЕУ е од безбедносна и економска вредност за Унијата. Се обидуваме да бидеме сензитивни. Украинците страдаат и тоа има приоритет за нашето внимание, но мораме да се грижеме и за вулнерабилноста на регионот и односот на ЕУ кон регионот и обратно. Не се менува интензитетот за нашето членство во ЕУ, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи на прес-конференција со Каролина Едштадлер, сојузна министерка за ЕУ на Република Австрија.

Според него, постои и оптимизам во однос на бугарското прашање.

-Нема провокации, работиме со групите и бараме достоинствено решение. Волјата е тука, динамика, предлози. Решение ќе има кога ќе има решение за сите аспекти. Се додека имаме разлика за еден елемент од целиот пакет, нема да имаме решение. Во однос на Историската комисија, последниот состанок во Софија беше најконструктивен во последниот период. Очекуваме се да се вклопи, рече Османи одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини