Нашиот македонски сон стана реалност! Потпишавме договор со Европската Унија на македонски јазик, вака поранешниот премиер Зоран Заев го прокоментира вчерашното потпишување на Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс.
Заев потенцира дека земјава потпиша договор со ЕУ, на кој што стојат потписите на сите земји членки на Европската Унија, вклучително и потписите на нашите соседи Грција и Бугарија.
-Ееееј… Грција и Бугарија потпишаа договор со нас на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК! Сега веќе не треба да веруваме, СЕГА ВЕЌЕ ЗНАЕМЕ зошто беше храброста, решителноста, визијата…Успеавме ! МАКЕДОНЦИ со МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, признаени од целиот свет! Радувај се мој македонски народе! Испишавме историја!, објави поранешниот премиер на социјалните мрежи.
Клучно е дека документот, покрај 24 јазици на ЕУ е потпишан и на македонски јазик без какви било додавки.