Ефтов: Вакво плачење по Орце Камчев немаше ни кога умре Тито (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
617 прегледи

Васко Ефтов во својата емисија „Во Центар“ ги прокоментира случувањата околу притворот на Орце Камчев и реакциите на граѓаните на социјалните мрежи.

„Вакво плачење по Камчев немаше ни кога умреа Тито и Сталин. Дури можеби е грев како плачат. Можеби и не е грев, уживам да ги гледам како плачат, крокодилски солзи ронат. Ве убедуваат дека станува збор за хуманист, Маја Тереза уште малку ќе го направат Камчев. Но тие плачат за парите кои нема да ги добијат. Огромни пари им се истоварени на контата на сметките или на рака на тие луѓе. Затоа тој олош на социјалните мрежи плаче по Орце Камчев“, вели Ефтов.

Слични содржини