Египет: Пронајдена некропола стара 2.000 години

од desk2
89 прегледи

 

Египетски археолози најдоа древна некропола со 40 камени саркофази, околу илјада мали статуи и огрлица со амајлија на кои со хиероглифи е испишано „среќна нова година“, пренесоа египетските медиуми.

Министерот за антиквитети во Египет, Халид ел Енани изјави дека откритието во близина на местото Туна ел Габал, јужно од Каиро, содржи голем број гробници кои потекнуваат од касниот период на фараоните или раниот период на Птоломеидите.

Се очекува ископувањето на гробиштата, стари повеќе од 2.000 години, да бидат потребни пет години.

„Ова е само почеток. Наскоро ќе додадеме нова археолошка привлечност на среден Египет“, вели Енани.

Египетските реликвии и понатаму привлекуваат страснки посетители и властите се надеваат дека новите откритија ќе привлечат уште повеќе луѓе, за да оживее туризмот, кој е оштетен од немирите кои настанаа по симнувањето од власт на поранешниот претседател Хосни Мубарак во 2011 година.