Егзотична салата

од desk2
253 прегледи

Подгответе егзотична салата која оди со секое јадење!

СОСТОЈКИ:
1 голема црвена пиперка
1 голема жолта пиперка
150 гр црн грав од конзерва
1 главица кромид
сок од 1 лимета
2 лажици маслиново масло
1/4 лажичка лута пипер
1/2 лажичка кумин
1/4 лажичка сол
магдонос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Лиметата добро измијте ја, изрендајте ја и исцедете го сокот.

Пиперките исечкајте ги на ленти, измешајте ги со измиен грав, кромид исечкан на кругови, кумин, лута пипер, кора од лимета, сол и маслиново масло.

Добро измешајте и прелијте со сок од лимета, на крај додајте магдонос и изладете пред сервирање.
Добар апетит!

Слични содржини