Ејми Шумер стана мајка

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Ејми Шумер првпат стана мајка. Комичарката ја објави веселата вест во Instagram.

“22:55 минатата ноќ. Се роди нашето кралско бебе “, пишува таа во социјалната мрежа и постави фотографија од семејството, но не прецизираше како ќе се вика нејзиниот син.

Сликата го покажува нејзиниот сопруг Крис Фишер кој ја бакнува на челото, а таа лежи во креветот држејќи го бебето.

Многу љубители на ѕвездата ѝ честитаа.

Неколку дена пред раѓањето, Шумер на нестандарден начин објави дека очекува момче. Не престана да се шегува за својата бременост 9 месеци.

Ејми, која во почетокот имаше исцрпувачко гадење и повраќање, изјави дека очекува дете со колаж. Таа ги стави лицата на неа и на нејзиниот сопруг на местото на Меган Маркл и принцот Хари. Така, таа истакна дека нејзиното бебе мора да се појави во истиот месец со кралското бебе.

Актерката родила неколку часа порано од војвотката од Сасекс.