Европската комисија денеска усвои ажурирана Препорака за професионални болести, во која им препорачува на земјите-членки ковид-19 да се препознае како професионална болест во одредени сектори.
Препораката бара од земјите-членки да го препознаат ковид-19 како професионална болест кога се заразени работниците кои работат на превенција на болести, кога ќе се разболат вработените во здравствената и социјалната заштита, во домашна нега или, за време на пандемија, и во други сектори каде што има епидемија и каде е докажан ризик од инфекција.
„Комисијата, исто така, ја нагласува важноста за поддршка на работниците заразени со ковид-19 и семејствата кои изгубиле членови поради изложеност на болеста на работното место. Целта на препораката е подобра заштита на работниците, а на земјите-членки е да ја следат оваа препорака и да ги дефинираат деталите во националниот закон“, соопштуваат од Европската комисија.