ЕК не ја коментира оставката на Заев: Земјата да продолжи со реформите

од Nikola Popovski
404 прегледи

Европската комисија нема да ја коментира оставката на премиерот Зоран Заев по подочекуваните резултати на власта на локалните избори, јавува МИА. Од Брисел само кусо коментираат дека земјата треба да продолжи со реформите.

ЕУ ја прими најавата за оставка на премиерот на Северна Македонија, соопшти портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро.

-Важно е земјата да продолжи со спроведување на реформите поврзани со ЕУ, порачува Писонеро во писмен одговор до медиумите.

Комисијата бара од властите и сите инволвирани чинители „навремено и на инклузивен начин ефективно да се справат со преостанатите препораки на ОБСЕ/ОДИХР“.

– Ги охрабруваме новите градоначалници и членовите на општинските совети да придонесат кон напредување на ЕУ агендата за реформи во интерес на сите граѓани, велат од Брисел.

Слични содржини