ЕК: С. Македонија и Албанија ги исполнија условите за почеток на преговори

од Nikola Popovski
378 прегледи

Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите за почеток на преговори за членство во ЕУ, а следните чекори се во рацете на земјите-членки, изјави денеска портпаролката на Европската комисија како одговор на прашање поврзано со отворањето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

„Продолжуваме да ги охрабруваме Северна Македонија и Бугарија да постигнат взаемно прифатливи решенија за отворање билатерални прашања и се надеваме дека ќе видиме почеток на преговарачкиот процес со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро“, додаде портпаролката.

Брисел потсети дека за да започнат преговори за членство со земја-кандидат, земјите-членки на ЕУ мора да ја одобрат преговарачката рамка. Бугарија во моментов не ја одобрува преговарачката рамка со Северна Македонија, така што преговорите со Скопје и Тирана не можат да започнат.

„Засега во Брисел нема ставови за поделба на Северна Македонија и Албанија на нивниот пат кон членство во ЕУ. За нас ситуацијата е многу јасна – и Северна Македонија и Албанија заслужуваат да одат напред и со нетрпение очекуваме преговорите да започнат како што поскоро“, рече портпаролката на ЕК.

Слични содржини