Европската комисија подготвила предлог-закони за укинување на царините на индустриските производи од САД, за обезбедување привилегиран пазарен пристап за морска храна и „несензитивни“ земјоделски производи од САД. Вториот предлог е да продолжи бесцаринскиот режим за јастози и во него да се вклучат и преработки од јастози. За овие предлози на Европската комисија (ЕК), ќе треба да решаваат Европскиот парламент и Советот на ЕУ.
Од ЕК соопштија дека двата предлог-закони се „отворање пат за спроведување на Заедничката спогодба на ЕУ и САД од 21 август годинва.
„Овие предлози се првиот чекор во погоренаведеното спроведување и ќе го обезбедат царинското олеснување од страна на ЕУ за важниот автомобилски секотор во ЕУ, со ретроактивно важење од 1 август“, се вели во образложението на Европската комисија.
Од таму велат дека во склад со Оддел 3 од Заедничката спогодба на ЕУ и САД, се очекува САД да го воведе договореното намалување на царините за возила и делови за возила од ЕУ на најмногу 15%.
„Ова намалување на царините од 27,5 на 15% се очекува да стапи на сила од првиот ден на месецот во кој ќе стапат на сила предлог-законите подготвени од ЕК, односно од 1 август“, појаснуваат од ЕК, велејќи дека тоа на производителите на автомобили ќе им заштедува 500 милиони евра за царински давачки секој месец.