ЕК се коригира: Не бара Северна Македонија и Црна Гора да воведат визи за граѓаните на Косово

од Nikola Popovski
170 прегледи

Европската комисија (ЕК) не препорача воведување визи за граѓаните на Косово при влез во Црна Гора и Северна Македонија, се вели во коригираната верзија на Петтиот извештај за следење на безвизниот режим со земјите од Западен Балкан и Грузија, Молдавија и Украина, објави РТЦГ.

Косово е изоставено од поглавјата за Црна Гора и Северна Македонија, се наведува во исправката објавена на 6 декември.

На 5-ти декември беше објавен Петтиот извештај за мониторингот на безвизниот режим со земјите од Западен Балкан и Грузија, Молдавија и Украина.

Во тој документ, Косово беше наведено меѓу земјите чии граѓани патуваат без визи во Црна Гора и Северна Македонија, додека им треба виза за патување во ЕУ. Од Подгорица и Скопје беше побарано да ја усогласат својата визна политика кон другите земји со визната политика на ЕУ.

Слични содржини