ЕК се обрати до грчкиот народ со својата вистина…

од desk3
71 прегледи

“Во интерес на транспарентноста и поради информираност на грчкиот народ, Европската Комисија го објавува последниот предлог усогласен помеѓу трите институции (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) кој го зема во предвид и предлозите на грчките власти од 8, 12, 22 и 25 јуни како и разговорите на политичко и техничко ниво кои се водеа неделава.

Jean-Claude Juncker, the incoming president of the European Commission (EC), presents the list of the European Commissioners and their jobs for the next five years, during a news conference at the EC headquarters in Brussels September 10, 2014. Juncker handed key economic and financial responsibilities to French and British members of a restructured, 28-strong team he unveiled on Wednesday.   REUTERS/Yves Herman (BELGIUM - Tags: POLITICS BUSINESS) - RTR45NXL

Дискусиите за овој текст се водеа со грчките власти во петокот вечерта. Разбирањето на сите инволвирани страни беше дека на овој состанок на Еврогрупата треба да се постигне сеопфатен договор, таков којшто не само што би ги вклучил заеднички договорените мерки, туку исто така би се однесувал и на идните финансиски потреби и одржливоста на грчкиот долг. Исто така тој договор вклучуваше и поддршка од Комисијата во вид на пакет за нов почеток за отворање работни места и раст во Грција, зголемување на наплатата и инвестициите во реалната економија, што беше дускутирано и одобрено од страна на Колеџот на комесарите во среда, 24 јуни 2015.

Меѓутоа, ниту оваа најнова верзија на документот, ниту пак преглед на сеопфатен договор којшто може да биде официјално финализиран и претставен од Еврогрупата не може да се случи поради едностраната одлука на грчките власти да се откажат од процесот вечерта на 26 јуни 2015 година”

 

Оригиналниот текст ТУКА