ЕК за посетата на Додик на Москва: Одржувањето врски со Русија е некомпатибилно со европските интеграции

од Nikola Popovski

„Европската унија беше кристално јасна за нашите партнери: Односите со Русија на Путин не можат да бидат нормални и се засенети од руската неиспровоцирана и неоправдана инвазија на Украина“, соопштиле од Европската комисија на прашање на „N1“ за посетата на Милорад Додик на Москва и средбата со Владимир Путин.

Оттаму потсетуваат дека ЕУ во повеќе наврати изјави дека одржувањето блиски врски со Русија е некомпатибилно со интеграцијата во ЕУ, што во понеделникот го повтори и потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел, по состанокот на Европскиот совет за надворешни работи.

Како што наведоа, Европската унија сака да смета на сите земји кандидати како доверливи европски партнери кои негуваат заеднички принципи, вредности, безбедност и просперитет, пренесува „N1“.

„Да не заборавиме дека Путин е тој кој наредува и го надгледува масовното кршење на Повелбата на ОН и човековите права во Украина, каде што Русија врши злосторства со неселективно таргетирање на цивили и цивилна инфраструктура, грабеж на украински имот и територии или киднапирање деца“, навеле од ЕК.

Фото: РИА Новости

Слични содржини