Три одделни групи судии веќе одлучија дека животот на офицерите може да е изложен на ризик, ако бидат вратени на Турција. 
Во дипломатските кругови се загрижени дека ако барањето на Турција за враќање на војниците биде отфрлено, тоа може уште повеќе да ги затегна односите меѓу Атина и Анкара, особено во момент кога преговорите за повторното обединување на Кипар висат на конец.
Прашањето привлекува вниманието исто така на интелектуалците и на медиумите во Грција, како и во други делови на Европа, кои го прифаќаат како тест за основните принципи и вредности на блокот.