
Европа треба подобро да се подготви за напади од страна на исламските фундаменталисти и за нови видови на напади, предупредува претседателот на лондонскиот Меѓународен институт за стратешки студии Франсоа Хејзбург кој ја посети Атина на покана на локален тинк-тенк, пишува електронското издание Ekathimerini.
Експертот за безбедност нагласува дека како „врата на Европа“ за милиони азиланти и мигранти, Грција исто така е изложена на ризик, бидејќи може да биде цел, исто така и транзитна точка за исламистите.
Имајќи го в предвид начинот на кој се очекува Грција да се справи со „бројните закани со ограничени ресурси“, тој тврди дека ќе поддржи европска програма за борба против тероризмот, која ќе вклучува прекугранична соработка во разузнавањето и размена на податоци.
Како поранешен специјален советник за безбедност на францускиот претседател Никола Саркози и Франсоа Оланд, како и основач на француско-германскиот совет за одбрана и безбедност, во Атина Хејзбург зборуваше за миграциската криза, важноста на договорот за бегалците меѓу Турција и Европската унија, затворањето на балканскиот пат и улогата на НАТО.