299
Eкипите на ЈП „Улици и патишта”, во изминатиов период работеа на реконструкција на оштетувања на коловоз на скопските улици, санираа ударни дупки долж булeварите и улиците: Александар Македонски, Никола Карев, Френклин Рузвелт, Беласица, Козле, Даме Груев, Скупи, Видое Смилевски Бато и 8-ми Септември.
Поставени се нови и заменети оштетени столпчиња на улицата Трифун Бузлев кај ООУ Петар Поп Арсов, санирана е заштитната ограда на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, а екипите работат и на поставување на нова вертикална и контрола на веќе постоечката сигнализација како и на бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација на сообраќајниците во градот, велат од Град Скопје.