Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, за швајцарскиот весник „Блик“ прогнозира дека Ферари нема да може да се бори за титулата и покрај силниот почеток на сезоната на Шарл Леклер.
„Како многу луѓе, се надевав дека Ферари ќе ја освои светската титула оваа година по пауза од 14 години. За жал, сега е јасно дека секој што ќе се обложи на титулата за Ферари или Леклер нема да добие ништо“, изјави Берни.
Последен пат Скудерија ја освои светската титула за возачи во 2007 година со Кими Раиконен и во 2008 година кај конструкторите.
„Ферари повторно прави грешки, сигурноста на нивните болиди не е на вистинското ниво, како што беше претходно, а возачите на тимот не се секогаш доволно самоуверени на патеката. Затоа Макс Верстапен и Ред Бул победуваат толку лесно, Макс веќе победи на 6 трки оваа сезона“, додаде Британецот.