Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска уште еднаш повтори дека не е блокирана сметката на градот.
-Да не беше хакираниот напад на Министерството за финансии, се што е тековна обврска ќе ни беше исплатено. Меѓутоа ние не зборуваме дека Трезорот не функционира веќе трета недела, ќе зборуваме за градот дека бил банкротиран. Економски неписмено е да зборувате и да кажете дека една ваква институција е пред банкрот, рече Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје.
Таа ги праша советниците дали знаат кои спорови ги има Град Скопје и зошто.
-Кога правеле вакви сцени порано и кога порано се обидувале со лаги и манипулации да наштетат? Сите добро ги знаат случаите, кажа Арсовска, набројувајќи случаи, читајќи од својот мобилен телефон.
Градоначалничката исто така им порача на советниците дека лажат.
-Доказ дека Градот не е блокиран е секојдневното одење и вршење на исплати кое рачно ги обработува Министерството за финансии по едно на ден. Заостануваат плаќањата, но овој Град не е блокиран и редовно ќе си ги финансира сите побарувања кое ги има. Мораме да зборуваме со факти и аргументи, додаде Арсовска.