Луѓето биле осакатувани преку средновековни методи
Екстремистите убиле трговец на овошје на прагот на неговиот дом. Така тие го казниле мажот, бидејќи сакал да го напушти градот. Според зборовите на соседите, тој бил добар човек, кој не правел зло никому, но тие го стрелале пред четири дена, бидејќи тој ги извел сопругата и четирите деца од градот.
Кафуле во регионот Џазмати терористите го направиле затвор, каде измачувале затвореници, тегнејќи ги на ланци и куки. Луѓето не само што биле мачени со средновековни методи, туку биле и киднаирани.
“Ослободија 15 лица. Нив ги измачувале, бидејќи на еден брат му бил војник, друг пак не си ги плаќал даноците, третиот не сакал да соработува со “Џебхат ан Нусра” “, раскажува сирискиот војник Мухамед Хамуд.
Пред да дојдат терористите Џазмати бил богат кварт во кој живееле трговци на текстил и трикотажа.Сега наместо рекламни табли на трговците на улиците висат слогани на екстремистите.
