Експеримент: Колку брзо се пренесува вирусот меѓу луѓето во ресторан? (видео)

од Nikola Popovski
283 прегледи

Со олеснување на мерките за борба против коронавирусот и намалувањето на бројот на нови случаи, кафулињата и рестораните повторно започнаа со работа. Тие спроведуваат посебни мерки за заштита, што не значи дека посетителите се целосно безбедни.

Колку брзо вирусот може да се шири во затворено најдобро го покажува јапонскиот експеримент споделен од вирологот Марк Ван Ранст. Видеото што го сподели лна својот профил на Твитер покажува колку брзо се пренесува вирусот кај луѓето во ресторан.

Во експериментот биле вклучени 10 лица, од кои едното бил „заразен“ со флуоресцентна боја што го претставувала коронавирусот. После половина час од вообичаено однесување и работење во ресторанот, светлата се исклучели и на видеото стана јасно се гледа колку се прошириле флуоресцентните честички.

Покрај тоа што биле на прибор за јадење, чинии, чаши и маси, тие биле видливи и на делови од телото кои честопати ги допираме, како што се устата, носот и рацете. Експертите ги повикуваат граѓаните секој ден да носат маски и нараквици за понатамошно спречување на ширење на вирусот.