Експеримент: Пиел вода со семки ЧИА за ПРИРОДНО ДА ГО НАМАЛИ ЖЕЛУДНИКОТ: После 3 дена се случило чудо!

од Vladimir Zorba
1,8K прегледи

Вода со лажичка чиа семе стана многу популарен пијалок за слабеење. Семките од чиа, наводно, имаат моќ да го спречат гладот, иако не влијаат на метаболизмот и не го зголемуваат согорувањето на калориите. Новинарот Џексон Томпсон го испробал овој метод и навистина го почувствувал ефектот.

По три дена консумирање вода со чиа семе, Томпсон забележал дека апетитот му се намалил и дека ќе се задоволи со половина од порцијата што обично ја јаде.

„Го користев истиот рецепт пред секој оброк, но бараше дополнителни чекори. Една лажичка чиа семе ставам во чаша вода и оставам да отстои 15-20 минути. Семињата полека почнаа да се шират во водата, а околу повеќето од нив се разви бела аура. Чиа семето се полни со растворливи влакна кои апсорбираат вода – тие се шират до 27 пати од нивната големина кога се мешаат со течност“, опиша новинарот.

Како што се ширеле, некои семиња паднале на дното на чашата, но повеќето останале на врвот, додаде тој.

Тој пијалок го пиел три пати на ден три дена по ред. Секој пат морал рачно да ги турка семките од врвот на чашата под водата за да бидат меки.

„Пиењето вода 30 минути пред секој оброк бараше малку трпение и дисциплина. Како прво, немаше добар вкус. Беше горчливо и текстурата на семките ми се лизгаше по грлото како лигав чакал. Исто така, морав да чекам 30 минути откако ја испив водата за да се уверам дека ефектите кои го потиснуваат гладот ​​имаат доволно време да стапат во сила пред да изедам нешто“, вели Томпсон.

Но, набрзо сфатил дека пијалокот е навистина ефикасен. Тој веќе се чувствувал како да има јадено обилен оброк пред да земе и еден залак од својот појадок, ручек или вечера – и не можел да ги доврши порциите што обично ги јадел.

„На пример, една вечер за време на експериментот, направив плескавица со гарнир од тестенини. Но, откако дојде дејството на водата со чиа семе, можев да изедам само половина од хамбургерот и земав три залаци тестенини пред да го ставам оброкот во фрижидер“, тврди Томпсон.

По тридневен експеримент, тој се откажа од пијалокот со чиа семе, бидејќи секојдневното консумирање може да предизвика дигестивни проблеми како надуеност и запек, како што истакна нутриционистот Алекс Туроф.

Туроф, исто така, рече дека премногу честото пиење може да доведе до нарушувања во исхраната, поради неправилни обрасци на исхрана, лишувајќи го телото од хранливи материи.

„Но, ако треба да вклучите повеќе влакна во вашата исхрана, тогаш редовното грицкање чиа семе е добро доколку постепено ги внесувате во вашата исхрана и балансирате со доволно вода“, вели нутриционистот Крис Солид.

Слични содржини