За да се чувствуваме одморени и свежи треба да спиеме по 8 часа секоја вечер. Но, ако се разбудите со болка и се чувствувате како да сте наполниле 30 години преку ноќ, можеби ќе зажалите што сте легнале. Една едноставна промена може да го смени квалитетот на вашиот сон. Според експертот за положба на спиење Џејмс Лејнхард, постои една поза која влијае на држењето и може да ја зголеми болката. Во едно неодамнешно видео на социјалната мрежа Тик-Ток, Џејмс откри дека лежењето на предниот дел од телото, е најлошата положба за спиење – всушност, тој ја нарекува „сообраќајна несреќа за спиење“.
Па, како да спиеме? Потребно е само добро да ги поставите перниците. Џејмс вели дека потребно е една перница за главата – која мора да го пополни просторот помеѓу горниот дел од увото и горниот дел од рамото. Следната перница оди меѓу вашите нозе: „Ставете перница помеѓу колената и глуждовите, која ќе го поддржи и стабилизира колкот и ќе направи да се чувствувате посигурни“. Потоа прегрнете ја перницата: „Тоа ве одржува постабилни и помалку шанси да се искривите“.
За да се навикнете на новата поза, Џејмс препорачува да ја испробате оваа нова техника секоја вечер 30 минути пред да заспиеме.