Експерт на СЗО: Мајмунските сипаници почнале да се шират од рејв забави во Европа

од Stefanija Kuzmanovska
371 прегледи

Д-р Дејвид Хејман, советник на Светската здравствена организација (СЗО), ја опиша појавата на мајмунски сипаници во развиените земји како „случаен настан“ кој се чини дека е предизвикан од сексуални активности на две неодамнешни рејв-забави во Европа.

Хејман, кој претходно го водеше одделот за итни случаи на СЗО, изјави за АП дека водечката теорија што го објаснува ширењето на болеста е сексуалниот пренос на рејв забави одржани во Белгија и Шпанија. Мајмунските сипаници претходно не предизвикаа широко распространети епидемии надвор од Африка, каде што се ендемични за животните, пишува „Вашингтон пост“.

„Знаеме дека мајмунските сипаници може да се шири кога има близок контакт со лезиите на некој што е заразен и се чини дека сексуалниот контакт сега го засили тој пренос“, рече Хејман.

Хејман, кој исто така е професор по заразни болести на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, рече дека појавата на мајмунски сипаници веројатно е настан што може да се проследи наназад до првата инфекција.

„Многу е можно некој што се заразил да развил лезии на гениталиите, рацете и на други места, а потоа да ги пренесе на други каде што имало сексуален или близок контакт, физички контакт. А потоа имало меѓународни настани кои го поттикнале ширењето на болеста ширум светот, во САД и во другите европски земји“, рече Хајман, додавајќи дека болеста најверојатно нема да се прошири на голем број луѓе.

„Ова не е ковид. Мораме да го забавиме, но не се шири во воздухот и имаме вакцини за да се заштитиме“, рече тој.

До денес, СЗО има регистрирано повеќе од 100 случаи на мајмунски сипаници во речиси 20 земји, вклучително и Данска, која го пријави својот прв случај во понеделникот, потоа Португалија, која има 37 заразени, колку што е Британија, а на европската листа се наоѓа и Италија, Шпанија, Словенија, Австрија, Чешка и Финска.

Германија има четири потврдени случаи поврзани со „забави каде имало сексуални активности“ на Канарските острови во Шпанија и Берлин, се вели во владиниот извештај.

Американските здравствени научници рекоа дека знаеле за еден потврден случај во Масачусетс и четири случаи во Јута, Флорида и Њујорк. Сите мажи патувале надвор од САД.

Слични содржини