Експерти од Светската здравствена организација за вакцини ќе се состанат утре за да разговараат за безбедноста на вакцината на „АстраЗенека“ против коронавирусот, најави денеска директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејезус.
„Стручната советничка група на СЗО за имунизација ги разгледа податоците и е во близок контакт со Европската агенција за лекови. Ќе се состанеме утре“, рече Гебрејезус на прес-конференција.
По извештаите за несакани ефекти, вакцината на „АстраЗенека“ беше привремено забранета денес од страна на Италија, Германија и Франција.