Експерти тврдат: Вакцината не може да влијае на плодноста

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Тврдењата дека вакцините против ковид можат да влијаат на плодноста кај мажите се неосновани, објавија денеска британски експерти од Кралскиот колеџ во Лондон.

На социјалните мрежи се појавија лажни тврдења дека вакцината на Фајзер / Бионтек може да предизвика неплодност или да го принуди телото да го нападне фетусот, објави Би-Би-Си.

Не постои „таков биолошки механизам“ кој би ја направил вакцината опасна за плодноста, рече професорката Луси Чапел од Кралскиот колеџ во Лондон.

Текстот додава дека вакцината на Фајзер делува со испраќање на порака до телото, дозволувајќи му да направи мал фрагмент од карактеристичниот „шилец“ на ковид.

Тоа го стимулира имунолошкиот систем да преземе акција, правејќи антитела и бели крвни клетки кои се борат против коронавирусот.

Вакцината не може да разболе лице од вирусот и не постои начин да влијае на генетските информации, стои во текстот.

Слични содржини