Експерти за омикрон: Фокусот да биде на бројот на хоспитализирани, кој не расте брзо

од Nikola Popovski
149 прегледи

Експлозивното зголемување на бројот на случаи на коронавирус во САД буди тревога, но некои експерти сметаат дека фокусот треба да биде ставен на бројот на хоспитализирани поради Ковид-19, а тој не расте толку брзо.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денеска соопшти дека 95 отсто од новите инфекции со коронавирус во САД минатата недела биле од сојот омикрон.

Водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, изјави за „ABC“ во неделата дека во ситуација кога повеќето заразени со омикрон предизвикуваат имаат благи или никакви симптоми, „многу поважно е да се фокусираме на бројот на хоспитализирани од вкупниот број случаи“.

Во изминатите две недели, поради омикрон, бројот на нови случаи на заразени се зголеми за повеќе од трипати, достигнувајќи рекорден просек од 480.000. Училиштата, болниците и авиокомпаниите се борат бидејќи заразените работници одат во изолација.

Во меѓувреме, просечниот број на приеми во болниците минатата недела изнесуваше 12.700 дневно, 46 отсто повеќе од претходната недела, но значително помалку од максимумот од 16.500 на ден пред една година, кога огромното мнозинство од граѓаните на САД беа невакцинирани.

Бројот на загинати е стабилен во текот на изминатите две недели, во просек околу 1.200 дневно, што е далеку под рекордното високо ниво од 3.400 минатиот јануари.

Експертите за јавно здравје се сомневаат дека овие бројки, земени заедно, ја одразуваат континуираната ефикасност на вакцината во спречување на сериозни болести, дури и против омикрон, како и можноста дека сојот предизвикува поблаги симптоми кај повеќето луѓе отколку претходните соеви.

Фото: Profimedia

Слични содржини