Експертите одговорија на прашањето зошто Фајзер е поефикасна кај младите

од Nikola Popovski

Британскиот регулатор на лекови ја одобри вакцината Фајзер/Бионтек за употреба кај деца на возраст од 12 до 15 години, откако вакцината доби слични одобренија во САД и ЕУ. Ова требаше да се очекува со оглед на тоа што клиничките испитувања на Фајзер / Бионтек покажаа дека вакцината е уште поефикасна кај оваа група на млади луѓе. Имено, тие покажаа дека ефикасноста на учесниците во истражувањето е 100 проценти, додека претходните истражувања на возрасна популација покажаа дека е околу 95 проценти ефективна.

Оваа информација е многу ветувачка и сигурно ќе биде мотив, како родителите да ги советуваат своите деца да се вакцинираат, така и тинејџерите. Како резултат, адолесцентите имале само болка во раката и малку покачена температура како резултат на несаканите ефекти на вакцината.

Она што не е најдобро објаснето во истражувањето е зошто вакцината е поефикасна на возраст од 12 до 15 години во споредба со остатокот од популацијата?

Можеби им е јасно на медицинските професионалци зошто е тоа така, но не и на сите.

Имунологот на Медицинскиот факултет во Белград, д-р Ирена Вуковиќ, објаснила дека истражувањето е направено на 2.200 млади луѓе, од кои половина добиле плацебо, а половина примиле вакцина Фајзер.

„Од оние кои примиле плацебо, 16 се разболеле, додека никој од вакцинираните не се заразиле со Ковид-19. Ова значи дека вакцината е 100 процентна ефективна. Сепак, тоа не значи дека ќе остане така кога милиони деца ќе се вакцинираат, може да се случи да биде ефикасна, да речеме, 97 проценти. Тоа е секако „поуспешно“ кај помладата популација, бидејќи претходните студии вклучуваа над 60 години, а нивниот имунолошки одговор е послаб“, рекол имунологот.

Нејзиниот колега, педијатар д-р Саша Миличевиќ, потврдил дека младите имаат подобар одговор кога станува збор за антитела, но смета дека се потребни повеќе тестови за да се утврди зошто е тоа така.

„Веројатно повеќе антитела се произведуваат кај тинејџери затоа што децата се поотпорни, помалку се разболуваат, има помалку сериозни клинички слики и морталитет“.

Д-р Миличевиќ вели дека не треба да се брза со вакцина кај сите деца.

„Засега би им го препорачал на младите луѓе кои страдаат од хронични болести, а потоа и на постарите деца, бидејќи колку е постаро детето, толку е поголема безбедноста на вакцината“, наведува Миличевиќ.

Слични содржини