ЕКСПЕРТИТЕ СОГЛАСНИ: За да се постигне прифатлива цена за крајните потрошувачи, потребно е поголемо учеството на домашното производство на струја

од Vladimir Zorba
316 прегледи

Во ситуација кога граѓаните, а особено компаниите почнаа да ја посетуваат интернет страната на берзата на струја почесто отколку сопствената е-маил адреса, се погласни се „наддавањата“ околу тоа колкава ќе биде новата цена на електричната енергија.

Согласни дека македонското просечно домаќинство тешко ќе може да издвои повеќе средства за  нова, покачена сметка, познавачите на состојбите сепак посочуваат дека предложената цена на електричната енергија од страна на АД ЕСМ е во рамки на очекувањата, но дека на подолг период нема да  може  да се држи на волку ниско ниво.

Според ектертите кои ги конултираше Локално, во услови кога клучните енергетски капацитети се застарени, Владата може да влијае на поскапувањето, но на краток рок, бидејќи  клучните енергетски капацитети се застарени, па оттука најважно е во сегашните услови да се обзезбеди  зголемено домашното производство на електрична енергија

„Дали ќе биде неопходно да се покачи цената на електричната енергија зависи од повеќе фактори: од учеството на домашните производствени енергетски капацитети во вкупните потреби за енергија, од апетитите на компаниите за пренос и дистрибуција и др. Со популистички мерки, односно со интервенции од буџетски средства, Владата може да влијае краткорочно за поскапувањето да не биде големо, но тоа повторно значи дека сметката ја плаќа народот, само на поинаков начин, а не преку индивидуалните сметки.За да се постигне прифатлива цена за крајните потрошувачи потребно е учеството на домашното производство на електрична енергија да биде поголемо. За тоа да се реализира, во дадените услови и околности потребна ни е и среќа –  домашните капацитети да функционираат колку-толку нормално, да не се случат испаѓања на термоенергетските блокови поради дефекти, да имаме поволни метеоролошки и хидролошки услови итн“. вели во изјава за „Локално“, професорот Ристо Филкоски.

На сличен став е и професорот Антон Чаушевски. Не очекува големо покачување на цената на електричната енергија бидејки ќе продолжи државната помош. Уверен е дека Владата го дава максимумот во справување со енергетската криза.

„Владата е решена на некаков начин да субвенционира дел од електричната енергија, но прашање е до кога тоа може да биде одржливо.Невозможно е кога цената е два-три пати поскапа од тоа што го плаќање. Засега Владат ја менаџира кризата, наоѓа начини да помага но капацитетите се стари, сите се ставени во фунцкција, вода во хдроелектраните има колку што дал Господ, се градат обновливи извори на енергија, но ефектот од тоа ќе се види по година- две.Се е максимално пуштено“, вели за „Локално“, професорот Чаушевски .

Минатата недела АД ЕСМ понуди за 16% повисока цена на електрична енергија. Од досегашните 48 евра, државните електрани за ЕВН Хоум предложија 56 евра за мегават час а за технички загуби во системот на елктродистибуција понудија 110 евра наместо досегашните 143 евра за мегават час.

Новата цена на електричната енергија што ќе се применува од 01.01.20223 год.ќе биде позната до крајот на годинава.Она што засега е сигурно е дека во цената ќе биде пресметан повисом ДДВ , 10 % наместо досегашните 5 %.

К.В.С.

 

Слични содржини