Експертите советуваат: Не трупајте гелови за дезинфекција без потреба и не правете ги сами дома

495 прегледи

Коронавирусот е вирус кој лесно може да се „тргне“ од рацете, потребно е само темелно да ги измиете, рекла д-р. Ирис Чаберни, докторка на институтот за хигиена во Универзитетската болница во Лајпцинг.

Таа напоменува дека „повеќето луѓе“ безпотребно собираат гелови за дезинфекција. Не само што не е потребно, туку може да биде и опасно за оние кои се тешко болни.

„Геловите за дезинфекција се честа и итна потреба на друго место, на медицинскиот персонал им треба, не поради коронавирусот, туку поради борба со други бактерии и вируси. Многу работи во болниците мораат итно да се направат и нема време за темелно миење на рацете“, рекла Чаберни.

На некои луѓе заштитата од патогени е клучна во нивниот дом, како на пример на заболените од рак по хемотерапија.

„Би било вистинска катастрофа тие да останат без потребната заштита поради оваа паника“, додала.

Таа предупредила да не правите гелови за дезинфекција дома по рецепти од интернет. Во тие „сам свој мајстор“ упатства, често нема состојки за хидратација.

„Поради тоа рацете ќе ви се исушат и испукаат, па со тоа се одлично подрачје за патогени“, рекла докторката.

Слични содржини