Експлодира автомобилот на претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Манасков

од Берта Китинска

Стопанската комора за енергетика на Македонија на својот фејсбук профил инфомираше дека возилото во кое се возел претседателот на Стопанската комора Ѓорги Манасков експлодирална автопатот кај обиколницата Визбегово према Скопје север.

Манасков во моментот на експлозијата во автомобилот бил со сопатник.

Од Стопанската комора инфомираат дека брзата интервентна полиција која била во близина и противпожарната екипа веднаш реагирале, но не успеаа да го изгаснат возилото Мерцедес С200 црна боја, кое изгорело до темел за неполни 3 минути.

Од комората информираат дека нема повредени во експлозијата.

Слични содржини