170
Две лица загинаа, а девет се водат за исчезнати во експлозија која се случила синоќа во фабрика за чоколади во американската сојузна држава Пенсилванија.
Началникот на полицијата на округот Вејн Холбејн потврди дека има двајца загинати, деветмина исчезнати и неколку повредени во експлозијата во фабриката „Р.М. Палмер“ во истоимениот кварт.
Експлозијата се случила вчера околу 17 часот по локално време, при што уништена е една зграда во фабричкиот комплекс, а оштетена е и соседната зграда.
„Причината за експлозијата е под истрага“, рече Холбејн на прес-конференција.
Тој истакна дека нема понатамошна опасност, но ги повика граѓаните да ја избегнуваат зоната во радиус од 100 километри околу фабриката, која се наоѓа северозападно од Филаделфија.