Експлозија кај Косовска Митровица: Во куќа повредени 13 лица, меѓу кои и деца

од Vladimir Zorba

Во експлозија на плинска боца во куќа во албанското село Кќиќ во Косовска Митровица, повредени се 13 лица, соопшти косовската полиција.

Сите повредени, меѓу кои и деца, се префрлени на лекување во болница во јужниот дел на Косовска Митровица.

Експлозијата се случила околу 16 часот и 30 минути, а според првичните информации била предизвикана од неисправна плинска боца, пренесува Телеграф.

Слични содржини