Експлозија на коровирусот во земјава, надлежните апелираат да не се излегува од дома

од Берта Китинска
188 прегледи

Бројот на заразени расте, а болничките капацитети се полнат. Во моментов хоспитализирани се 890 пациенти со коронавирус.

„Ситуацијата е сериозна, не излегувајте од дома доколку немате потреба“, апелираше министерот за здравство Венко Филипче.

Во последните 24 часа беа направени 3082 тестирања, а регистрирани беа 1128 нови случаи на ковид-19 .

Министерството за здравство информира

Од денеска  дополнителни 150 болнички капацитети на Интерните клиники за третман на пациенти со ковид 19;

Направивме координација со службите за Итна помош за сместување на пациентите согласно местата кои што ќе бидат на располагање веќе од утре.

Ги зголемивме капацитетите на пунктовите за тестирање, во ИЈЗ, ЦЈЗ Скопје и лабораторијата во болницата во Козле за 400-500 теста на ден, а ги вклучуваме и брзите тестови.

Дополнителни 6 пункта ќе работат од понеделник во Скопје согласно распоредот за тоа колку време е потребно да се земе брис и да се направи брз тест. Дополнителни 500 термини во денот ќе бидат на располагање на сите граѓани и пациенти почнувајќи од понеделник.

Пристигнати се сите вакцини за грип, викендот ќе се направи дистрибуција. Подготвени се пунктовите во Здравствениот дом и во Центрите за јавно здравје и вакцинацијата ќе започне од вторник.

Брзи тестови

Од понеделник, во рамките на Здравствен дом Скопје, ќе функционираат 6 пункта за брзи тестови со што се ќе се прават дополнителни 500 тестирања на дневна основа. Брзи тестови ќе се прават и во болничките установи каде што се примаат пациентите, не само во Скопје туку и во болниците во другите градови, согласно распоредот и алгоритамот кој го утврди Комисијата за заразни болести.

Министерото за здравство со нова порака за канпањата #НосамМаска

Научните студии докажуваат дека маските се ефикасен начин да го спречиме ширењето на коронавирусот. Последното истражување спроведено во Јапонија прецизно го утврдува процентот на заштита од различниот тип на маски. Носењето маска значи грижа за здравјето на сите околу нас и значаен придонес во битката со пандемијата, напиша Филипче.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 37499, бројката на оздравени пациенти е 22835, на починати е 1096, а бројот на активни случаи изнесува 13568.

Слични содржини