Експлозија пред детска градинка во Кина, има жртви

од desk2
151 прегледи

Силна експлозија одекна пред детска градинка во источна Кина, а според првичните информации има и жртви.

Експлозијата се случила околу 16.50 часот, кога децата се подготвувале да си заминат дома. Како што пренесува Чајнаплус, има многу повредени. Градинката пред која дошло до експлозијата се наоѓа во местото Фенгсиан во провинцијата Џианкцу.
Полицијата ја потврди експлозијата, но не соопшти детали, односно дали има повредени и загинати.

Меѓутоа, медиумите тврдат дека има повредени. На социјалните мрежи се објавени фотографии на кои се гледаат деца и возрасни кои лежат на земја, а некои се крвави.

Како што пишува AP, градинките во кина и порано биле напаѓани, поради одмазда кон луѓе кои се непосакувани во соседството.