
Експлозија се случи денеска во текстилна фабрика во градот Черкезкој, округот Текирдаг, северозападна Турција, пренесуваат турските медиуми.
Според информациите во фабриката избувнала експлозија, а телевизиски канал НТВ пренесува за истекување на токсични хемикалии во фабриката, по што 29 работници биле хоспитализирани. Во реонот се испратени противпожарни екипи, полиција и амбулантни возила.