Експлозија во Русија: Четири лица загинаа во складиште за муниција

од Stefanija Kuzmanovska

Четири лица загинаа, а едно е повредено во експлозија на артилериска граната во складиште за муниција на воените единици во општина Барсово, во Владимирската област, изјави портпаролот на одделот за итни случаи на окружната болница во рускиот град Киржач за ТАСС.

„Четири лица загинаа – тројца воени лица и еден работник во магацин, а еден е повреден во воената единица во Барсово“, изјави портпаролот, осврнувајќи се на последиците од експлозијата во складиштето за муниција.

Според пријавата, повредениот работник е на интензивна нега.

„Оперативците на локалната федерална служба за безбедност ФСБ работат на лице место“, соопштија за руската агенција властите на Киржачката област.

Слични содржини