Експлозија во центарот на Атина

од Milan1

Едно лице е повредено, а неколку згради се оштетени во експлозија во средата рано наутро во Атина, која предизвика пожар и уништи фасади на згради на најпрометната улица во градот, соопштија официјални лица и очевидци.

Експлозијата ги скрши прозорците и ги уништи фасадите на зградите и продавниците долж прометната авенија Сингру што го поврзува центарот на грчката престолнина со јужните предградија. Оштетените згради се оддалечени и до 200 метри од местото на експлозијата.

„Во моментот на експлозијата, бев веднаш спроти зградата. Тоа беше силна, многу силна, погледнете наоколу“, рече таксистот Христос Чалкиас. Искршени му се стаклата на автомобилот.

Избувнал пожар, а пред него се случила експлозија“, изјавил командирот на противпожарната бригада на местото на настанот.

На местото на настанот пристигнала и единица за спроведување криминалистичка истрага.

Слични содржини