308
Украинскиот стручњак Андреј Шевченко повеќе не е тренер на Џенова.
Тој во клубот пристигна во ноември, а на клупата на италијанскиот тим издржа само два месеци.
Шевченко го замени Давиде Балардини, но тој доби отказ по само три освоени бода од девет меча.
Шевченко во август ја напушти селекторската функција на Украина каде беше од летото 2016 година, а претходно беше асистент.
Тимот ги остава на позицијата на која беше и кога ги презеде – 19.